По една година, денеска се отвори „Меџитлија“, но со минимален проток на возила
Денеска по речиси една година за прв пат беше отворен преминот „Меџитлија“ на македонско-грчката граница.
Претходно, истиот беше затворен со одлука на грчките власт на 22 јули минатата година.
Од граничниот премин за ТВ Сител информираа дека до 15.00 часот влезле само 55 возила од страната на Грција, додека од наша страна границата ја минале само 25.
Од таму додаваат дека се уште луѓето се информираат, а се очекува да се зголеми протокот во наредните денови
Инаку порано пред епидемијата вообичаено беше преку „Меџитлија“ да поминат илјадници возила.
Слично
