Економија, финансии, бизнис

Контакт

По еден освежителен ден повторно раст на температурите

По еден освежителен ден повторно раст на температурите

Додека вчера имавме вистинско освежување од последните десетина денови кои ги поминавме во топлотен бран од портокалова класа сега ќе се вратат вообичаените летни температури и следува период на стабилно и потопло време. 

Дневната температура ќе биде во постепен пораст, но ќе се задржи во рамките на просекот за овој период од годината, прогнозира УХМР.

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. УВ индексот ќе биде 8.

Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 30 Целзиусови степени, Маврово 23, Охрид 27, Битола 29, Кавадарци 32, Крива Паланка 28, Берово 27, Дојран 33...


Слично

Поврзани вести