По две недели во притвор Бојан Јовановски денеска излезе, ама до државна болница
Првоосомничениот во случајот Рекет, Бојан Јовановски бил префрлен на скопските клиники „Мајка Тереза“.
Како што пренесуваат дел од медиумите, Јовановски таму е префрлен од Шутка, поради испитувања кои биле потребни по претходно закажан оперативен зафат.
Имено Јовановски веќе две недели е во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари бидејќи заедно со Зоран Милески се осомничени за рекет, односно истрагат ги сомничи за кривичното дело примање награда за противзаконито влијание, а Боки 13 е осомничен и за кривичното дело перење пари.
Слично
