Економија, финансии, бизнис

Контакт

По две години протести и отсеченост, никна мост на Брегалница кај селото Кучичино

По две години протести и отсеченост, никна мост на Брегалница кај селото Кучичино

Заврши реконструкцијата на мостот на река Брегалница кај село Кучичино во општината Чешиново-Облешево.  Мостот претходно две години не бече во функција откако го однесоа надојдените води на реката.

За реконструкцијата се потрошени 11,5 милиони денари, целосно е завршено санирањето на дел од мостот, а е изграден и оној дел кој беше однесен од водите на реката.

Во изминатите две години над илјада жители од селата Кучичино и Бурилчево бараа алтернативни патни правци низ кочанското поле за да стигнат до магистралниот пат М-5 кој води кон Кочани и Штип. Селаните исто така во неколку наврати организираа и протесети за изграда на мостот кои е од огромно значење за нив.

Слично

Поврзани вести