Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ПО ДВЕ ГОДИНИ КАКО ВОШКА ВО ПЕРИКА, ГРАДСКОТО РАКОВОДСТВО СЕ ВРАЌА ТАМУ КАДЕ ШТО ТРЕБАШЕ ДА ПРОДОЛЖИ“: Шилегов распали, „На будалите од после им текнува“

„ПО ДВЕ ГОДИНИ КАКО ВОШКА ВО ПЕРИКА, ГРАДСКОТО РАКОВОДСТВО СЕ ВРАЌА ТАМУ КАДЕ ШТО ТРЕБАШЕ ДА ПРОДОЛЖИ“: Шилегов распали, „На будалите од после им текнува“

Откако градот Скопје објави дека сепак ќе продолжи со реализацијата на проектот БРТ за брз превоз во Скопје, се огласи екс градоначалникот Петре Шилегов, кој го започна овој проект.
„ Мојот професор Марјановиќ, своевремено велеше: на будалите од после им текнува …

После 2 години однесување како вошка во перика, заради очигледната некомпетентност, немање визија и основно познавање, новото градско раководство се враќа онаму каде што требаше да продолжи пред 2 години :

- Реализација на целосно разработен проект со обезбедена финансиска констукција, одобрен од меѓународната и домашна стручна јавност како најоптимално решение за Скопје.

Фрлањето прашина во очи “со отклонување на грешките на претходното градско раководство”, не го разбирам како ништо друго, освен како очаен обид да се обезбеди алиби за сопствената глупост. Впрочем, 2 години сме сведоци дека незнаењето го кријат со перманентен конфликт и караници со секого, вклучително и со сопствените директори.

Загубените 2 години (досега ќе беше во полн ек изградбата) и парите кои како камати се платени во меѓувреме, за жал, повторно паѓаат на грбот на Скопјани, напиша Шилегов на Фејсбук. 


Слично

Поврзани вести