Економија, финансии, бизнис

Контакт

По два дена бегство, полицијата го пронајде возачот кој усмрти 11-годишно девојче во Велес

По два дена бегство, полицијата го пронајде возачот кој усмрти 11-годишно девојче во Велес

Возачот Ангелчо Н., кој два дена се криеше од органите на прогонот, откако ја усмрти 11-годишната Магдалена во Велес без да го сопре возилото, а нејзините родители завршија во болница, е конечно пронајден од полицијата.

29-годишникот прво ќе биде сослушан, а потоа ќе биде изведен пред суд. Според најновите медиумски сознанија, тој не бил сам во возилото, туку со него имало уште неколкумина совозачи.

Тој прво ги симнал сопатниците од автомобилот, па го оставил возилото, по што решил да се крие.

На 17 декември, околу 22:15 часот на улица „Борис Трајковски“ во Велес со патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки удри во пешаците Е.И (43) и нејзината малолетна ќерка, по што Магдалена почина на местото на несреќата а нејзината мајка се здоби со повреди.


Слично

Поврзани вести