Економија, финансии, бизнис

Контакт

По драматично високите бројки денеска помал бројот на позитивни на КОВИД-19: Неофицијално 105, во Скопје над 30

По драматично високите бројки денеска помал бројот на позитивни на КОВИД-19: Неофицијално 105, во Скопје над 30

По високите бројки на новозаразени со корона вирусот во текот на викендот, во саботата 196 и 8 починати, а вчера 162 и девет починати, денеска од Комисијата за заразни болести за Фактор информираат дека има намалување на бројот на случаи со Ковид-19.

Според изворите на Фактор, вкупната бројка, се уште неофицијална изнасува 105, а во Скопје е драстично намалена, односно 37.

Сепак, оттаму велат дека ова се неофицијални бројки бидејќи се уште се чекаат резултати од направените тестови.

Од Комисијата за заразни болести порачуваат дека не постои ризик од инфицирање со корона вирусот само ако граѓаните ги почитуваат препораките, односно ако носат маска, ја применуваат социјалната далечина и одржуваат постојана хигиена на рацете.


Слично

Поврзани вести