Економија, финансии, бизнис

Контакт

По допрен глас ОЈО ќе истражува дали Дрисла ја загадува животната средина

По допрен глас ОЈО ќе истражува дали Дрисла ја загадува животната средина

Основното јавно обвинителсто по допрен глас отвори предмет за кривично дело- загадување на животната средина и природата.

До Министерството за животна средина и просторно планирање е испратено барање за да добие податоци во врска со досегашна извршена контрола за работењето на депонијата Дрисла. 

Во дописот стои дека меѓудругото се бара потврда дали е констатирано почитување на протоколите за согорување на медицински отпад од депонијата.

Некои од екологистите имаат дојави за зголемување на канцерогени заболувања во околината на Дрисла. 

Депонијата и инсенераторот не се причина за загадувањето во градот, тврдеа од Дрисла. 

Слично

Поврзани вести