Економија, финансии, бизнис

Контакт

По долгите протести вработените во „Еурокомпозит“ добија по 22.000 денари

По долгите протести вработените во „Еурокомпозит“ добија по 22.000 денари

На повидок решение за вработените во Еурокомпозит кои подолго време водеа битка за нивниот глас да биде чуен.

Како што соопшти владината прес-службата на вработените во ова претпријатие им е исплатен надоместок од 22.000 денари од страна на  Министерството за финансии кое преку трезорска сметка  ги префрли парите на „11 Октомври-Еурокомпозит“ а.д. Прилеп. 

Министерството за внатрешни работи е задолжено од Владата да ја продолжи реализацијата на договорот со „Еурокомпозит“, да ги репрограмира обврските кон прептријатието како и да изврши авансна исплата на обврските предвидени со Договорот за изработка на производи наменети за потребите на министерството.

„Министерството за внатрешни работи ја исполни својата обврска и изврши авансна исплата, а Министерството за финансии преку трезорската сметка веднаш ги префрли парите на „Еурокомпозит“, со што е обезбеден надоместок од 22.000 денари за секој од вработените“, соопшти Владата.

Во насока на трајно решавање на проблемите во фабриката АД 11 Октомври Еурокомпозит, Владата ќе обезбеди финансиски средства за изработка на финансиска и правна анализа за компанијата и ќе се разгледаат мерки и можни решенија за системско решавање на наталожените состојби од изминативе години.


Слично

Поврзани вести