ПО ДОГОВОРОТ НА ЗАЕВ И МИЦКОСКИ: Работни групи од денес ќе ги кршат копјата за СЈО
СЈО ќе биде во фокусот на работните групи кои од денеска почнуваат со пазарот околу институцијата која произлезе од Пржинскиот договор.
Работни групи на СДСМ и на ВМРО – ДПМНЕ од денеска ќе работат на новиот предлог закон за јавно обвинителство со кој се предвидува интегрирање на Специјалното јавно обвинителство во Јавното обвинителство.
Ова беше најавено по минатонеделната средба во Владата на премиерот Зоран Заев и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Двете најголеми партии не се согласуваат околу кадарот на Специјалното јавно обвинителство.ВМРО ДПМНЕ не ја сака Катица Јанева а во тој што го предлага власта е токму Јанева да остане на чело на СЈО уште една година а потоа да се избира нов шеф, а Катица да може да се реизбира повторно.
Токму законот за СЈО е темата околу која двете најголеми партии ќе ги кршат копјата .
