Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПО ДОБИЕНА ПРИЈАВА: АХВ затвори сендвичара во Штип, можно е труење со храна

ПО ДОБИЕНА ПРИЈАВА: АХВ затвори сендвичара во Штип, можно е труење со храна

По добиена пријава од Центарот за јавно здравје Штип, за можно труење со храна во сендвичарница – киоск, инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), вчера спровеле вонреден инспекциски надзор кај операторот со храна. Според првичните информации, како што информираат од АХВ, пет лица појавиле симптоми на труење со храна откако јаделе сендвичи со пилешки стек. 

Земенени се примероци за лабораториско тестирање од инкриминираната храна и брисеви од работните површини, а сендвичарницата по наредба на инспекциските служби на АХВ е времено затворена се до добивање на резулати од лабораториските испитувања, со кои ќе се потврди нејзината безбедност.

Слично

Поврзани вести