Економија, финансии, бизнис

Контакт

По доаѓањето на Рикер, започнува состанувањето на работните групи

По доаѓањето на Рикер, започнува состанувањето на работните групи

По минатонеделната посета на Македонија од страна на Филип Рикер, заменик на државниот секретар на САД и политички советник на командантот на Европската команда на Воените сили, од оваа седмица започнуваат средбите на работните групи помеѓу власта и опозицијата .

Состанувањето на групите е заради усогласувањето на ставовите околу Законот за обвинителство, но и околу законот за попис. Засега познато е дека предлог-законот за Јавно обвинителство со кој се одредува понатамошниот статус на СЈО е ставен на собранискиот дневен ред на 27 август. Двете пораки од посетата на Рикер беа дека „Заврши времето на политички игри“ и „Дека никој не е над законот“.

Познато е дека премиерот Зоран Заев објави свој предлог-законот за обвинителство, кој најверојатно ќе биде ставен во мирување додека двете странби да најдат ново законско решение.




Слично

Поврзани вести