Економија, финансии, бизнис

Контакт

По Декларација за Илинден, поднесен и Манифест за ЕУ во Собранието

По Декларација за Илинден, поднесен и Манифест за ЕУ во Собранието

СДСМ и ДУИ, како и останати партии од коалицијата, во Собранието поднесоа Манифест на лидерите на политичките партии застапени во Собранието за водењето преговори за полноправно членство во ЕУ..

Поднесениот документ следува откако СДСМ на 28 јули до Собранието поднесе Декларација за Илинден, најголемиот македонски државен празник со повик сите пратеници без разлика од која партија доаѓаат, да ја поддржат и таа да биде усвоена.

„ Овој Манифест е на линија на политиките на СДСМ, тој е добра основа за градење единство околу иднината на земјата и со него Собранието дефинира рамки на позиции по кои мора да постапуваат сите надлежни институции во преговорите со ЕУ.

Затоа, време е за обединување на сите политички лидери, преку потпишување на заеднички Манифест со кој сите заедно ќе се обврзат за ефикасно водење на преговорите за пристапување во ЕУ.

Токму преку овој Манифест сите лидери на политичките партии се обврзуваат дека ќе настојуваат пристапните преговори да завршат во најкраток можен рок, а притоа целосно заштитувајќи го идентитетот, традицијата, јазикот и општествените вредности на граѓаните“ стои во соопштението од СДСМ.

Истовремено се оглаисја и од ДУИ од каде исто така повикуваат на заедништво околу членството во ЕУ.

„Поддршката од страна на ДУИ доаѓа како резултат на нејзината силна промоција на ЕУ интеграциите, како партија која недвосмислено ја потврдува својата решеност за реализирање на оваа стратешката цел. Оттука, ДУИ смета дека е време за обединување политички партии, неполитички субјекти и невладини организации преку овој важен чекор на потпишување на заеднички Манифест со кој сите заедно ќе се обврзат за ефикасно и квалитетно водење на преговорите за пристапување во ЕУ. Во Манифестот повикуваме на прифатените заеднички европски вредности кои произлегуваат од Копенхашките критериуми,

Процесот за стабилизација и асоцијација, преговарачката рамка, а сè со цел што поквалитетно завршување на преговарачкиот процес и побрз влез во ЕУ.

Оттука, во манифестот се наведуваат повеќе аргументи кои се од витално значење за целото општество, а преку кои тие се обврзуваме пристапните преговори да завршат во најкраток можен рок, притоа заштитувајќи го идентитетот, традицијата, јазикот и општествените вредности на граѓаните“ велат од Мала Речица.

Слично

Поврзани вести