По четврт пат продолжен притворот за Чавков, Мукоски и Василевски
Апелациониот суд во Скопје вчера им одредил нови 30 дена за неколку пратеници и функционери во МВР, осомничени за настаните од 27 април. Станува збор за четврто продолжение на нивниот отпор, при што три одлуки беа од Кривичниот суд, а ова е прва од Апелационит суд
Па така за 13 лица, за 13 лица, меѓу кои поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски, лица од кабинетот на бившиот претседавач Трајко Вељаноски, од Агенцијата за разузнавање и други, Апелациониот суд одлучил како првостепен орган. Апелациониот суд може три пати по 30 дена
Апелациониот суд дополнително ќе одлучува за оперскиот пејач Игор Дурловски, актерот Владо Јовановски и останатите организатори на протестите на „За заедничка Македонија“ и за други лица на кои им беа ублажени мерките и добија куќен притвор. Во куќен притвор остануваат и пратениците Јохан Тарчуловски, Љубен Арнаудов и Љупчо Димовски.
