Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПО ЦЕЛОВЕЧЕРНО „ЛОВЕЊЕ“, СТЕФКОВСКИ ОТКРИ КОЈА Е ПРИЧИНАТА ЗА ЗАГАДУВАЊЕТО! „Ќе направам сè што е во моја моќ да се дознае Вашето име, за да не можете да си ги погледнете децата во очи„

ПО ЦЕЛОВЕЧЕРНО „ЛОВЕЊЕ“, СТЕФКОВСКИ ОТКРИ КОЈА Е ПРИЧИНАТА ЗА ЗАГАДУВАЊЕТО! „Ќе направам сè што е во моја моќ да се дознае Вашето име, за да не можете да си ги погледнете децата во очи„

Откако завчера вечерта објави дека ќе дежура цела ноќ заедно со екипи од општината, градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски тврди дека ги открил причините за еднормното загадување на воздухот во Гази Баба и Аеродром.

Како што објави тој, станува збор за дива депонија на непристапен терен каде, освен гуми се гореле возила од отпад поминати на преса.

„По интензивна теренска активност, во која инспекциската служба на Општина Гази Баба беше присутна во текот на целата вчерашна ноќ и целиот ден, УТВРДЕНА е точната локација која е извор на загадувањето што ги зафати делови од општина Гази Баба и општина Аеродром.

Во моментов, инспекцијата заедно со екипа од ЈКП Гази Баба се на терен и активно работат на расчистување и документација на случајот.

Поддршка и помош побаравме од Противпожарникарната бригада на Град Скопје.

Не сакам ни да помислам, но сите досегашни индикатори укажуваат дека причината за енормното загадување е човечки фактор.

Мотивите за ова монструозно дело најдобро ги знаат нарачателите, но ние нема да застанеме додека не се утврди целата вистина“, објави најпрво тој.



Неколку часа подоцна, Стефковски ги соопшти деталите. 

„Во текот на денот, инспекциската служба на Општина Гази Баба, при сеопфатна теренска акција, пронајде локација во непосредна близина на Трубарево, од која се ширеше густ бел чад!

При увидот на лице место, утврдено е дека од страна на непознат сторител била истурена и запалена поголема количина отпад – делови од возила поминати на преса!

При горењето се ширеше неподнослив мирис на изгорена пластика, кабли и други штетни материјали, што директно го загадуваше воздухот.

Локацијата е тешко пристапна, но токму тоа, заедно со природата на отпадот, јасно укажува на намера – нарачан, свесен, човечки чин со огромни последици! Оваа локација е директен причинител на загадувањето и непријатниот мирис кој ги погоди граѓаните од делови на Гази Баба и Аеродром во изминатите денови.Во моментов, екипите на ЈКП Гази Баба и инспекцијата сè уште се на терен и ќе останат таму сè додека целосно не се расчисти локацијата.  Во моето вчерашно утринско обраќање Ви ветив: ќе успееме – и УСПЕАВМЕ!  До нарачателите на овој монструозен чин:

Ова што го направивте е еднакво на геноцид.

Ќе направам сè што е во моја моќ да се дознае Вашето име

Прво, за да бидете казнети,

Второ, за да не можете да ги погледнете Вашите деца во очи, знаејќи дека самите сте ги труеле.

Од срце Ви благодарам на сите граѓани за поддршката и довербата.

Здравјето и животот на граѓаните немаат цена!

Сум кажал и ќе повторам: ќе се борам против загадувањето затоа што и јас имам две деца кои живеат овде и го дишат истиот воздух!

Ова не е крај!

 Борбата продолжува – сè додека не расчистиме со сите несовесни граѓани!

Пакетот на мерки објавен вчера останува на сила и ќе се спроведува и утре и во деновите што следат!

Благодарност до Противпожарникарната бригара на Град Скопје кои дадоа поддршка при реализација на активностите на терен!“, напиша тој.


Слично

Поврзани вести