„По целодневен напор, екстремно тежок терен, телото е извлечено од длабока бездна“: ТППЕ Кавадарци за ловџијата кој падна од капра и почина
Ловџија од Кавадарци доживеал несреќа при лов, имено, како што јавуваат протипожарните екипи на Кавадарци, тој паднал од карпа висока 150 метри и починал.
Споед објавата на ТППЕ-Кавадарци, откако се случила трагедијата, во која загинал ловџијата добиле барање за извлекување на безживотно тело.
- Веднаш одговоривме на барањето и интервениравме со петмина пожарникари и опрема за работа на височина (алпинистичка опрема).
Со придружба од четворица припадници на МВР Кавадарци и двајца членови на фамилијата се упативме кон длабокиот и непристапен стрмен терен. За жал поради тоа што телото на нашиот сограѓанин се наоѓаше на непростапен и непрооден терен моравме да користиме опрема за алпинизам да се врзиме и обезбедиме меѓу себе да не дојде до дополнителни незгоди.
По целодневен напор на сите присутни по екстремно тешкиот терен на кој буквално спасувачите се движеа низ тесни и клизави карпи, телото успешно е извлечено од длабоката бездна и е предадено на органите за безбедност.
Сочуство до семејството. Сме интервенирале и ќе интервенираме секогаш и секаде - велат во ТППЕ Кавадарци
Фото: Принтскрин/Фејсбук
