ПО БУРНИТЕ РЕАКЦИИ: Гаши објасни зошто заклетвата ја даде прво на албански
Новиот собраниски спикер Африм Гаши вечерва во Топ тема на Телма изјави дека да беше заклетвата прочитана првин на македонски јазик ќе ја кажел на македонски, но тоа е технички дел.
„Битно е дека се прочита на македонски и тука треба да се апсолвира тоа прашање затоа што нема никаква суштина. А ако сакате да ги задоволиме апетитите на некои хејтери на социјалните мрежи ќе зборуваме, но мислам дека тоа не достојно“, изјави Гаши.
Кажа дека не би сакал да се вовлечеме во дневна политика со такви мали работи.
Слично
