Економија, финансии, бизнис

Контакт

По бугарското вето Села бара оставки од Заев, Османи и Димитров

По бугарското вето Села бара оставки од Заев, Османи и Димитров

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, вели дека Владата на СДСМ и ДУИ не успеала шест пати по ред да добие датум за почеток на преговорите. 

Села бара широка Влада, но и оставки од премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров. 

„Одговорните за ова што се случи синоќа имаат име и презиме, а тоа се премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Бујар Османи и вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров. Сите тројца треба да поднесат оставка“, истакна Зијадин Села.

Тој смета дека власта потфрли и не го исполни ветеното. 

Слеа вели дека заедно со локалните да се одржат и парламентарни избори.

Слично

Поврзани вести