Економија, финансии, бизнис

Контакт

По багателна цена отиде атрактивна парцела карши Веро-центар

По багателна цена отиде атрактивна парцела карши Веро-центар
Само 3.296 евра за 2.855 метри квадратни атрактивно земјиште во близина на Веро центар. Ова е цената што се постигна на јавната лицитација по електронски пат што ја организираше Министерството за транспорт и врски. Земјиштето го купи единствениот понудувач - Друштвото за трговија промет и услуги „Амадеус Стоун ДООЕЛ“ од Скопје. На локацијата, на површина од 1.775 метри квадратни, треба да изгради хотел на седум ката со приземје, поткровје и подземен паркинг, а условот е фасадното решение на објектот да биде во барок стил. Министерството за транспорт и врски го понуди земјиштето на лицитација по почетна цена од 61 денар за метар квадратен, а фирмата единствен понудувач наддала 10 денари и го купила земјиштето за 71 денар за квадратен метар. Купувачот е должен во рок од 15 дена од денот на завршување на постапката за јавно наддавање да ги уплати средствата, а доколку не го направи тоа ќе се смета дека градежното земјиште не е отуѓено.
Слично

Поврзани вести