Економија, финансии, бизнис

Контакт

По аферата „Рекет“ партијата на Села има две клучни барања до власта

По аферата „Рекет“ партијата на Села има две клучни барања до власта

Алијансата за Албанците бара лидерска средба и одржување на предвремени парламентарни избори.

Велат дека Специјалното јавно обвинителство беше последната надеж во државата дека еднаш засекогаш ќе почне судството да се дели од политиката и ќе биде професионално тело кое ќе постапува според законите и Уставот во насока на разрешување на крупните криминални процеси. 

„За жал, со последниот скандал сите сме сведоци дека судството и политиката се во заемна соработка и тоа го нарушува и угледот на државата во меѓународната заедница“, изјави денеска Елми Азири од Алијансата за Албанците.

Азири прашува зошто процесите што биле дел од СЈО, како „Пациент“, „Маџар Телеком“, „Титаник 2“ не се процесуирани досега и дали тука има вмешаност и политиката.

„Ние сметаме дека овој скандал овие последни случувања имаат огромни политички реперкусии што се однесува до политичкиот живот во Македонија и се гледа дека на некој начин државата влегува во огромна политичка криза“ – вели Азири.

Бараат  да се свика лидерска средба, да се дискутира за најактуелните и најчувствителните прашања што моментално се случуваат во државата, меѓу кои, избирачкиот список, Законот за јавно обвинителство, Законот за пописот на населението, за техничката Влада и за предвремени парламентарни избори.

Слично

Поврзани вести