(ФОТО) По 7 години зад решетки Велија Рамковски денеска е со семејството
На социјалната мрежа Фејсбук ќерката на поранешниот сопственик на А1 Телевизија Велија Рамковски сподели фотографија на која е заедно со својот татко и сестра Емел Рамковска .
Дел од медиумите пренесоа дека по 7 години поминати во затвор Велија денеска излезе на слобода.
Фокус пишува дека како што неофицијално дознаваат Велија добил привремен отпуст за лекување, поради што денеска бил ослободен.
Ова значи дека по неколку месеци, Рамковски повторо ќе се врати зад решетки. Но доколку до тогаш поминат 8,6 години, од моментот кога беше притворен, тогаш може да добие и целосно ослободување, бидејќи ќе одлежи две третини од казната, по што може да бара условен отпуст.
Слично
