Економија, финансии, бизнис

Контакт

По 4 години затвор осудени креаторот и администраторот на „Јавна соба“

По 4 години затвор осудени креаторот и администраторот на „Јавна соба“

Дарко Костовски како креатор и Михаил Паневски како администратор денеска од Кривичниот суд се осудени на 4 години казна затвор за случајот Јавна соба за објавување на порнографска видео-содржина со малолетно лице.

Креаторот и администраторо на првата група „Јавна соба“ на апликацијата „Телеграм“ беа обвинети за кривичното дело производство и дистрибуција на детска порнографија, а судењето започна лани.

„Во периодот од 19.12.2019 година до 28.01.2020 година, двајцата обвинети, како основач и модератор на групата ’Јавна соба‘ на социјалната мрежа Телеграм, биле должни да се грижат за содржината на текстуалните и аудио-визуелните содржини кои се споделуваат од членовите на групата. Но, тие со умисла дозволиле на групата да се направи достапна содржина – аудиовизуелен материјал на кој се прикажани очигледни полови дејствија со дете“, соопшти обвинителството кога го поднесе обвинението.


Слично

Поврзани вести