По 4 часа на распит Палевски си замина од СЈО
Бизнисменот Љупчо Палевски заедно со неговиот адвокат пред малку излегоа од Специјалното јавно обвинителство, но не сакаа да коментираат за што станува збор.
Палевски кусо изјави дека станува збор за предистражна постапка. Тој вчера беше задржан во полициската станица во Кисела Вода.
Тој на распит беше 4 часа. Досега од СЈО нема официјална информација за што го сомничат.
Неофицијално се работи за негова инволвираност во врска со објавените
прислушувани разговори на „Јутуб“ под псевдонимот „Никола Тесла“.
Слично
