Економија, финансии, бизнис

Контакт

По 2.000 евра казна за 15 учесници на протестот против 5Г-антените пред Владата

По 2.000 евра казна за 15 учесници на протестот против 5Г-антените пред Владата

Основното јавно обвинителство предложи по 2.000 евра казна за 15 идентификувани учесници на протестот пред Владата на 31 мај поради непочитување на здравствените прописи, иако со одлука на Владата беше забрането групирање на повеќе од  5 лица на јавни површини.

Протестот се одржа на булеварот „Илинден“ во близина на зградата на Владата, каде учествувале на јавен собир под мотото „Стоп кршење права и слободи, стоп вакцини, стоп 5G антени, стоп лажна пандемија“.  

Обвинетите биле затекнати од полициски службеници при извршена контрола на местото на настанот.



Слично

Поврзани вести