По 15 години избран нов директор на МРТ
Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија ја информира јавноста дека, по спроведена постапка согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и важечките подзаконски акти, за директор на МРТ е избран Зоран Ристоски.
Со тоа јавниот сервис по 15 години добива нов директор. Досегашен директор во последните 15 години беше Марјан Цветковски. За Ристоски веќе опозицијата критикуваше дека се избира затоа што му бил пријател од младоста на премиерот Христијан Мицкоски. Ристоски на чело на МРТ доаѓа како сопственик на маркетинг агенцијата
Во постапката биле разгледани вкупно шест пристигнати кандидатури.Гласањето се одвиваше по принцип на анонимност – програмите, како што се вели, биле доставени под шифра, без увид во идентитетот на кандидатите.
„По утврдувањето на најдобро оценетата програма, беше отворен ковертот со идентитетот на кандидатот, по што беше извршена проверка на исполнувањето на законските услови и комплетноста на доставената документација.
Во таа насока, Програмскиот совет нагласува дека се темели исклучиво на квалитетот на понудената програма и исполнувањето на законските критериуми.
Процесот беше целосно транспарентен и спроведен со почитување на сите законски и институционални стандарди, со цел да се обезбеди легитимен и кредибилен избор на раководната позиција во јавниот сервис.
Очекуваме новоизбраниот директор да ја извршува функцијата одговорно и професионално, во насока на зајакнување на улогата на Македонската радио-телевизија како јавен сервис од особен јавен интерес, унапредување на програмските содржини и подобрување на условите за работа на вработените“, објави Програмскиот совет.
