По 12 години СДСМ води во Бутел
СДСМ за прв пат во својата историја има шанси да победи во општина Бутел која од своето формирање досега беше секогаш предводена од ВМРО-ДПМНЕ, односно три мандати му припаднаа на градоначалникот Петре Латиновски.
Од партискиот штаб на СДСМ во Бутел велат дека имаат водство и дека победата ќе ја однесе Велимир Смилевски што ќе биде огромен пресврт. Бутел отсекогаш важел за бастион на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, па ова изненадување може да биде сигнал и за победа на СДСМ за град Скопје.
„Почитувани мои Бутелчани, Сакам да Ви ја изразам мојата огромна благодарност за големата поддршка која ми ја дадовте во изминатиов период. И ако резултатите не се официјални водиме со огромна разлика и ја очекуваме победата во прв круг.
За неколку часа ќе излеземе и со официјални резултати“, истакна Смилевски.
