ПЛОШТАДОТ „МАКЕДОНИЈА“ ПОВТОРНО НАСТРАДА ОД КАМИОН, Се отвори нова дупка во фонтаната по обидот да ја премине
На социјалните мрежи се шири фотографија од камион пропаднат во фонтаната на плоштадот „Македонија“.
Ваквите ситуации како да зачестија во главниот град, и покрај многубројните пишувања и укажување, денеска повторно има заглавен камион во фонтаната во центарот на Скопје.
Ова е уште еден камион по којзнае кој пат кој пропадна на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје во делот каде се наоѓа партерната фонтана и го оштетил плочникот со предницата.
Како што може да се забележи од фотографијата објавена на Фејсбук страната „Ѕид на сообраќајниот срам“, камиот со едното тркало пропаднал во фонтата, и веќе има насобрано граѓани и екипи кои би требало да го извадат од „дуката“ која сам ја направил.
Дури ни казните кои ги доби претходната фирма чиј камион пропадна во фонтаната не беа доволни за да не се повтори.
Сепак, оваа информација се покажа како неточна. Град Скопје испрати демант во врска со објавата дека утринанва повторно пропаднал камион во фонтаната.
