Пломп: Сметам дека следен чекор е формирањето на Влада, што е можно побрзо
Сметам дека следен чекор е формирањето на Влада, што е можно побрзо, за да ја придвижи земјата напред, изјави холандскиот амбасадор Ваутер Пломп за телевизијата „Алсат-М“.
Мислам дека е позитивно што конечно Собранието се конституираше и успеа да избере спикер, што беше препознаено и од ЕУ и САД, додава тој.
Тој е категоричен дека какво било друго сценарио нема да биде од корист за Македонија и нејзините граѓани.
„Се надевам дека државните интереси ќе бидат ставени над личните и партиските интереси. И на крајот мислам дека Парламентот е место каде што треба да бидат разменети различни мислења, треба да има здрава дебата која ќе ја придвижи земјата напред“ - вели Пломп.
Холандскиот амбасадор објаснува дека бил шокиран кога слушнал што се случувало во Собранието во четвртокот.
Тој додава дека следен чекор би бил „целосна истрага и гонење на извршителите на сериозни кривични дела, како и евентулано на оние кои олесниле или не сториле доволно да спречат тоа да се случи.
