Пломп: Се надеваме на позитивен развој на настаните
Немам порака во моментот, но имавме многу добра, охрабрувачка, одлична средба и се надеваме на позитивен развој на настаните во неделата што претстои, изјави холандскиот амбасадор Ваутер Пломп, по средбата со амбасадорите и новиот спикер, Талат Џафери.
Во Собранието, Џафери попладнево имаше средба со 16 амбасадори на земјите-членки на Европската унија.
Џафери подоцна одржа и брифинг за новинари, и порача дека решението на проблемот со локалната власт е во рацете на политичките лидери. Тој очекува политичарите да го договорат новиот датум за локалните избори, па потоа да се закаже собраниска седница за измени на Изборниот законик и Законот за локална самоуправа. За постигнување на сеопфатен политички договор, новиот претседател на Собранието во понеделник ќе ги повика политичките партии на координативна средба.
