Пломп: Работењето на Парламентот треба да се нормализира
Холандскиот амбасадор во Македонија Волтер Пломп, порача дека работењето на Парламентот треба да се нормализира.
Пломп повика да се почитува новото парламентарно мнозинство, коментирајќи го фактот што шефот на државата, Ѓорѓе Иванов не сака да го даде мандатот.
„Јас просто ќе ги повторам пораките кои веќе трипати беа дадени изминатава недела, двапати од еврокомесарот Хан и еднаш од високата претставничка Могерини, дека треба да се свика Парламентот и да се почитува парламентарното мнозинство“- вели Пломп.
Според него, в предвид треба да се земе Извештајот на Прибе, а реформите во медиумите не треба да се занемаруваат.
Слично
