Економија, финансии, бизнис

Контакт

Оксигенска боца направи „бомбастична“ паника во Цементарница

Оксигенска боца направи „бомбастична“ паника во Цементарница
Попладнево во скопската населба „Цементарница“ се рашири паника дека градежни работници пронашле наводно неексплодирана авионска бомба и дека била извршена навремена евакуација. Сепак, при увидот на специјалниот тим на полицијата било утврдено дека станува збор за обична оксигенска боца која била сплескана и застарена, па наликувала на бомба. Информацијата први ја споделија Дирекцијата за заштита и спасување со цел навремено да предупредат, но сега повторно излегоа со соопштение дека не станува збор за авионска бомба од голем калибар. Со тоа се смирија и самите работници ангажирани на теренот кои се плашеа да не наидат на уште некоја неекплодирана направа.
Слично

Поврзани вести