Плинска боца експлодира во викендица, тројца на интензивна нега на Клиника, а тројца во Градска болница
Плинската боца експлодираше во викендица во селото Матејче во општина Липково, а според првичните сознанија на ТВ21, станува збор за шестмина сериозноповредени лица.
Несреќата се случила во викендица, надвор од селото, а групата посетители биле на возраст од 30-40 години.
Како што дознава ТВ21 од раководството на болницата Куманово, 6 лица се испратени во скопските болници. Тројца во одделот за интензивна нега на пластична хирургија и тројца во одделот за хирургија на Градската болница.
Настанот потсетува на трагедијата лани од 23 февруари, кога во куќа во Романовце експлодира плинска боца и три деца од семејството Алими веднаш починаа, а уште неколкумина повозрасни им подлегнаа подоцна на повредите.
Слично
