Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ПЛАТИТЕ НА 1.060 ФУНКЦИОНЕРИ И ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМАТ И ДО ТРИ ИЛЈАДИ ЕВРА“: Среќна нова 49-та, велат од Независниот синдикат на Државната администрација

„ПЛАТИТЕ НА 1.060 ФУНКЦИОНЕРИ И ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМАТ И ДО ТРИ ИЛЈАДИ ЕВРА“: Среќна нова 49-та, велат од Независниот синдикат на Државната администрација

Независниот синдикат на државната администрација со иронија ја честита Новата година.
„ Согласно фактот се зголеми вредноста на Потрошувачка кошница на македонските граѓани на 56.522,оо денари.

На ,,Нашите функционери и пратеници" без разлика дали се од позиција или опозиција ќе им се зголеми платата со новогодишен пакет од 400€ т.е. од над 25.000,оо денари.

Со ова ново зголемување на платите на 1.060 функционери + градоначалници и до 3.000 евра а тоа се должи и на одлуката од Уставен суд со кое добија зголемување од 78%.

За 3.000€ т.е. 184.603,оо денари. ќе земаат:

Претседател на државата,

Претседател на Собранието и

Премиерот (предходно 160.000,оо),

Прв вицепремиер 174.067,оо денари,

Вицепремиер за економски прашања 176.347,оо денари,

Вицепремиер задолжен за политики за добро владеење – 154.041,оо денари,

Вицепремиер за европски интеграции 147.140,оо денари,

Министер за одбрана 149.420,оо денари,

Министерот за внатрешни работи 2,883 евра плата или 177.641,оо денар.

Зголемување ќе добијат и пратениците, градоначалниците и останатите функционери.

Се ќе беше добро доколку ја вратија вербата на народот со зголемување на стандардот, почитување на правото, 0% корупција, добри политики...

Доколку било која политичка опција имаше волја можеше да ги изменат и оние ,,77" закони кои се спомнуваат но најлесно ќе беше да се зголемат платите на сите вработени во јавниот сектор за 78% а со тоа мора да се зголемат и во приватниот сектор.

Поминавме над 6 месеци со Протести со цел да укажеме дека и работникот има душа и треба да има поголема плата.

Согласно Закон за минимална плата и други постоечки закони од март 2024 година, минималната плата треба да се зголеми од 21.200,оо на 22.500,оо денари.

Во план е бришење на минимална плата од сите закони за да нема зголемување на плата.

Среќна Нова '49-та“ пишуваат тие.



Слично

Поврзани вести