Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЛАТИЈА КАЗНИ ОД 2.000 ДО 4.500 ЕВРА - 45 лица ги кршеле владините препораки

ПЛАТИЈА КАЗНИ ОД 2.000 ДО 4.500 ЕВРА - 45 лица ги кршеле владините препораки

Фрчат казни за кршење на самоизолацијата од јавните обвинителства ширум земјава, и тоа прилично солени, од 2.000 па до 4.500 евра. 

Но, дали тие ќе бидат доволни за граѓаните да се свестат и да ги почитуваат препораките.

Ќе помогне ли за решавање на овој проблем последната мерка што доцна синоќа ја донесе Владата, а која говори дека „сите лица што не ја почитуваат мерката за самоизолација да бидат спроведени во државен карантин и против истите да биде поведена соодветна постапка, а трошоците за време на престојот во државен карантин ќе бидат на товар на лицата што не ја почитувале оваа мерка“.

За ова се задолжени Министерството за правда, во соработка со Министерство за здравство, да подготват соодветна уредба со законска сила во која правно ќе ја нормираат целокупната постапка за спроведување во државен карантин.

Инаку, основните jавни обвинителства предложиле да се казнат вкупно 45 лица во Македонија заради непочитување на мерките за изолација, а донесени со цел да се спречи ширењето на коронавирусот во периодот од 17 до 20 март. 

Доцна синоќа Државното јавно обвинителство излезе со збирната информација, во која е наведено дека на дел од нив веќе им се изречени казни од 2.000, 2.500 до 4.500 евра, а за останатите се чека судска одлука. 

Најмногу казнети лица се од Кавадарци, и тоа девет, двајца се од Гевгелија, тројца од Гостивар, две лица од Струмица, пет од Битола, двајца од Куманово, седум се од Прилеп, двајца од Дебар, еден од Кочани, петмина се од Скопје и по еден од Струга и од Ресен.

Меѓу сите овие лица е и докторот од Кавадарци, кој заработи огромна казна од 4.500 евра.

„Обвинетиот, лекар во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Кавадарци, постапувал спротивно на Одлуката донесена на Дванаесеттата седница на Владата на Република Северна Македонија од 28.02.2020 година, според која сите вработени во државните и локалните институции и претпријатија, доколку во последните две недели патувале или живеат со некој што патувал во ризична земја за ширење на коронавирусот КОВИД-19, треба да не доаѓаат на работа и за тоа да ја известат институцијата во која работат. Имено, и покрај упатствата дадени директно од страна на специјалист-епидемиолог да останат целото семејство во домашна изолација од 14 дена поради патувањето на нивната ќерка која на 6 март се вратила од Италија, обвинетиот во периодот од 10 март до 20 март продолжил да оди на работа во болницата каде е вработен како доктор. На 10 март заедно со неговата ќерка правеле анализи на Одделот за микробиологија и биле во амбулантата за уво, нос и грло во Кавадарци. Изречена е казна од 4.500 евра“, се вели во соопштението.

Слично

Поврзани вести