Плата од 500 евра и бакшиш по 30 евра дневно
Келнерите во Црна Гора покрај загарантираната плата можат дневно од бакшиш да заработат по 30 евра.
Вработените во кафулињата и рестораните во оваа земја се задоволни и велат дека граѓаните на Подгорица не се шкрти, ако се земе во обзир колку земаат бакшиш.
Оние кои се ангажирани во кафулињата во центарот на Подгорица каде има ноќен живот велат дека бакшиш секогаш има.
„Ако им се посветам на гостите ќе добијам и бакшиш. Нема тука многу размислување, дневно можам да заработам и по 30 евра“- вели келнер.
Висината на бакшишот зависи од клиентите. На места каде кафе пијат студенти бакшишот е најмал, а најголем е во елитните угостителски објекти.
Со оваа заработка не е ни чудо што се повеќе луѓе со факултетска диплома ја „меркаат“ оваа работа.
Келнерите велат дека странците ретко оставаат бакшиш затоа што сметаат дека тој веќе е пресметан во сметката.
