Економија, финансии, бизнис

Контакт

Плата од 2.200 евра, обезбедено сместување и храна, можни и бонуси – но „сè уште нема соодветни кандидати“

Плата од 2.200 евра, обезбедено сместување и храна, можни и бонуси – но „сè уште нема соодветни кандидати“

Од кандидатите се бара основно познавање на германски јазик, самостојна и посветена работа, љубезно однесување и пожелно искуство во послужување храна и пијалаци.

Зимската сезона во Австрија штотуку започна, а тамошните скијалишта повторно се соочуваат со голем недостиг на работна сила.

Угостителите ширум земјата тешко наоѓаат келнери, готвачи и друго персонал, па сега активно бараат помош од странство.

Како што пишува австрискиот портал Heute, власниците на хотели и ресторани предупредуваат дека речиси повеќе нема квалификувани работници од Австрија.

„Пред пандемијата не беше лесно да се најде стручно лице од Австрија, но сега е уште потешко,“ изјави сопственик на хотел во Тирол, во градот Флис.

Тој додаде дека многу работници за време на пандемијата ја сменија професијата, ја напуштија угостителската индустрија и никогаш не се вратија.

Поради тоа, вели тој, бил принуден преку Австриската служба за вработување (AMS) да бара келнери и келнерки од странство за претстојната сезона, која ќе трае од 18 декември 2025 до 6 април 2026 година.

Услови и понуда

Од кандидатите се бара:

основно познавање на германски јазик

самостојна и одговорна работа

љубезност во однесувањето

пожелно искуство во угостителството

Работодавачот нуди:

минимална плата од 2.200 евра бруто месечно,

можност за дополнителни исплати (бонуси),

бесплатно сместување и оброци.

И покрај интересот, сопственикот нагласува дека „сè уште нема соодветни кандидати.“

„За жал, досега пристигнаа само несериозни пријави од Мароко,“ заклучил австрискиот угостител.

Еуправозато


Слично

Поврзани вести