Економија, финансии, бизнис

Контакт

Плата и денес нема, протест пред тетовската болница

Плата и денес нема, протест пред тетовската болница

Десетици медицински сестри и технички персонал со нерешени работни статуси денес повторно протестираа пред Клиничката болница во Тетово. Тие рекоа дека покрај тоа што немаат работни решенија, веќе три месеци се без плати.

„Тетовската болница ја одржуваме во живот ние, но тие нè заборавија. Не бараме подароци, бараме задоцнети плати, ги бараме заслужените и ветени договори. Доста со лагите. Лекарите спасуваат луѓе, нашиот персонал ги спасува лекарите, но прашањето е кој ќе нè спаси“, рече медицинската сестра Флутурие Ислами.

Во меѓувреме, главната медицинска сестра Дита Заими, која рече дека е овластена од директорот на болницата Агим Бериша да зборува, рече дека не е вистина дека медицинските сестри не примиле три плати, туку дека не е исплатена само априлската плата.

„Дека не примиле три плати, не е вистина. Не примиле само априлската плата. Само сакам да го негирам ова, дека нема три, само априлската плата не е исплатена, а месец мај е веќе завршен, што значи дека и ние ги примаме платите до 15-ти, тие секогаш ги примале 1 или 2 дена пред нас, или по нас, што значи дека сега платата доаѓа на 15-ти“, рече главната медицинска сестра Дита Заими.

Таа побара вработените да формираат работна група и да ги решат своите барања со официјално писмо, додека вели дека не е вистина дека вработените не ги примиле платите три месеци.


Слично

Поврзани вести