Економија, финансии, бизнис

Контакт

Планинарите жалат по трагично загинатата Калина Велевска

Планинарите жалат по трагично загинатата Калина Велевска

Планинарските здруженија се во шок и неверување по дознавањето на веста дека младата Калина Велевска е планинарката која загина на Кајмакчалан заедно со уште едно момче од Македонија. 

Таа беше дел од здружението „Трансверзалец“ кое организираше бројни планинарски тури низ Македонија за освојување на планинарски врвови. 

Според информациите Калина и загинатото момче се изгубиле и одвоиле од својата група која се соочила со многу тешки временски услови. Најверојатно паднале во провалија што било фатално за нив.

Телата денеска беа извлечени од грчките служби за безбедност и пренесени на македонска страна.

Слично

Поврзани вести