ПЛАНИНАР СЕ ПОВРЕДИЛ НА ТЕЖОК ТЕРЕН НА ПЕЛИСТЕР: ДЗС и МВР ќе го преземат со хеликоптер
Дирекцијата за заштита и спасување во заедничка акција со Министерството за внатрешни работи извлекоа повреден планинар на тежок терен на планината Пелистер.
„Утрово планинар при совладување на тежок терен на планината Пелистер ја скршил ногата и не може да се движи. По добиената пријава за повреден планинар, Дирекцијата за заштита и спасување итно го мобилизира тимот за спасување од планина чии припадници во моментов се движат кон местото каде што се наоѓа повредениот планинар, а кое е оддалечено неколку часа од последната позиција до која може да се стигне со возило, со цел да го имобилизираат, подготват и пренесат до отворено место на кое ќе може да биде преземен од полициски хеликоптер со помош на витло со кое ќе ракуваат специјалци од полициските Тигрите“, соопшти ДЗС.
