Економија, финансии, бизнис

Контакт

Планинар од Сплит почина на Голем Кораб

Планинар од Сплит почина на Голем Кораб

Петар П. (58) од хрватскиот град Сплит починал вчера попладнето на планината Голем Кораб при планинарење со планинарско друштво, информира полицијата.

Во Центарот за информации и команда - Тетово, во 18.20 часот е пријавено дека на планинар од Хрватска му се слошило и паднал во безсознание, во местото викано Кобилино поле, во атар на Маврови Анови, на Голем Кораб.

Групата броела околу 20-ина планинари, државјани на Република Хрватска и сите од планинарско друштво од Сплит.

Бидејќи местото каде што планинарот се онесвестил било прилично оддалечено од ПС Стрезимир, а поради непристапен терен со возило не може да се стаса до местото, веднаш е повикан хелихоптер на МВР.

Од полицијата со хелихоптер го пренеле планинарот во Градската општа болница 8-ми Септември во Скопје, но лекарите само констатирале смрт. 

По наредба на Јавен обвинител на телото на починатиот денес ќе биде извршена обдукција.

Слично

Поврзани вести