ПЛАЌАЛЕ ПАТАРИНА ИЛИ НЕ? Видео на Фејсбук ја крена јавноста на нозе, свадбари минуваат без да застанат да платат, се јавија и од Државни патишта
На социјалните мрежи се споделува видео на кое се гледа дека на патарината Гостивар, неколку возила поминуваат, без да застанат да платат.
Видеото го сподели хуманитарецот, Отец Оливер Петровски, кој реагираше на видеото.
„Кој е одговорен за патарините и дали некој ќе сноси одговорност? Како може хуманитарните организации да не се ослободени да плаќаат патарина иако доставуваат донации за пожарите, за социјално загрозените семејства ширум Македонија, трчаат како луди за да помогнат насекаде, а свадбариве се ослободени од плаќање патарина? Режија, се слушаме?“, објави тој.
Набрзо се огласија и од ЈП за Државни патишта, од каде ја смируваат јавноста дека возачот во првото возило платило за сите што по него поминуваат.
„Јавното претпријатие за државни патишта во однос на виралното видео кое што се споделува на интернет кадешто се гледа колона на возила која поминува на наплатната станица Гостивар ја известува јавноста дека веднаш по објавата на видеото директорот на ЈПДП даде итен налог за проверка.
