ПЛАКЕТА ЗА ХРАБРОСТ И СТИПЕНДИЈА: Oпштината ќе го награди Јован Костадинов
Градоначалникот на Виница, Миле Петков ќе го награди младиот Јован Костадинов за неговиот хуман гест, затоа што на 16 март во Кочани спаси 20 млади луѓе од страшниот пожар во дискотеката „Пулс“.
Локалната самоуправа ќе му додели Плакета за храброст и стипендија за високо образование во времетраење од четири години. Предлогот утре ќе се најде на седница на Советот.
Се работи за 19-годишно момче кое без размислување се намокрило цело и влегло во запалената дискотека Пулс во Кочани и така спасило 20 лица.
Соучениците денеска го дочекаа момчето како херој со аплауз.
Слично
