Питер Фејт: Со одбивањето да ја предадат власта, националистите во Македонија си играат со „оган“
Питер Фејт, посредник во преговорите за потпишувањето на Охридскиот рамковен договор во 2001 година вели дека националистите во Македонија си играат со „оган”, преку одбивањето да ја предадат власта.
Тој изрази загриженост и за ризикот од понатамошна ескалација, која ќе ја доведе поранешната југословенска република до „бездната на граѓанската војна” во случајов да ЕУ одлучи да биде неактивна.
Во интервјуто за „Ројтерс”, тој изјави дека Европската унија треба да го разгледа запирање на процесот на пристапување, за да се надмине опасниот ќорсокак во земјата.
Питер Фејт во моментов е виш дипломатски советник во Европскиот институт за мир, кој ги поддржува напорите на ЕУ во областа на медијацијата и решавање на конфликти.
