ПИСОНЕРО: Жалам за неупoтребата на уставното име од страна на дел од лидерите на Северна Македонија
Европската Комисија(EK) укажува дека Договорот од Преспа мора да се почитува.
Портпаролката на Европската Комисијата за соседска политика и проширување Ана Писонеро изјави дека употребата на „Северна Македонија“ е нешто кое е договорено со Преспанскиот договор, и изрази жалење што дел од лидерите не го употребуваат уставното име.
„Жалам за неупoтребата на уставното име од страна на дел од лидерите на Северна Македонија. Ова е јасно нешто што е договорено како дел од Договорот од Преспа. И јасно е дека сите страни мора да ги почитуваат условите на договорите и да ги спроведуваат со добра волја. Од наша страна му честитавме на премиерот Мицкоски и на новите министри по формирањето на владата во Северна Македонија. ЕУ тесно ќе соработува со новата влада за да постигне напредок во значајните реформи и да го унапреди патот на Северна Македонија кон ЕУ“, рече Писонеро.
Постои само едно толкување на ерга омнес, велат грчките власти.
Според поранешниот грчки премиер, Алексис Ципрас, ЕУ и меѓународната заедница треба јасно да ги стават на знаење последиците што непочитувањето на Договорот ќе ги има врз регионот, а особено врз иднината на Македонија.
Договорот од Преспа, грчките и македонските власти го потпишаа во 2018 година.
