Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПИСМОТО ОД ЗДРУЖЕНИЕТО НА ИНЖЕНЕРИ НЕ ПОМОГНА: Четири предлог закони за инвестиции во енергетиката го поминаа првиот филтер

ПИСМОТО ОД ЗДРУЖЕНИЕТО НА ИНЖЕНЕРИ НЕ ПОМОГНА: Четири предлог закони за инвестиции во енергетиката го поминаа првиот филтер

Мнозинството пратениците денеска дадоа зелено светло сите четири предлог- закони за стратешките инвестициски проекти да се донесат по скратена постапка. 

Со 58 гласа „ЗА“ и 31 пратеник кои гласаа „ПРОТИВ“ предлог законот кој предизвика најмногу реакции, грчки Митилинеос да гради когенеративна гасна електрана во Гази Баба, го помина првиот собраниски филтер.

Нив ги образложуваше вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

„Намалување на загадување, трошоци на јавен систем, цели за национален план“, објасни Битиќи.

Токму предлог законот за Митилинеос предивика најмногу реакции во јавноста и го критикуваа енергетичарите. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески повикувајќи се на писмото од Здружението на инженери побара точката да се симне од дневен ред. Неговите колеги го побараа истото, но нивните предлози не беа прифатени.

Со Законот се предвидува државата да даде 50 милиони евра како директна финансиска поддршка на грчката компанија Митилинеос, без да добие удел во централата која ќе се гради во Железара, а дополнително се обврзува да ја купува произведената електрична и топлинска енергија. 

Слично

Поврзани вести