Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пиштолот на Грујовски вратен во полиција

Пиштолот на Грујовски вратен во полиција

Служебниот пиштол на поранешниот началникот на Петтата управа, Горан Грујовски, кој е во бегство е вратен вчера, информираше денеска на прес -конференција министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Полицијата ги презема сите мерки за да дојде до податок каде се наоѓаат Горан Грујовски и Никола Бошкоски за кои е покренато обвинение и кои се во бегство. Но, поради тајноста на постапката полицијата не е во можност да соопшти повеќе детали.

„Се преземаат сите мерки за да дојдеме до податок каде се наоѓаат, за да се реализира судската одлука за притвор и заради тајноста на постапката не можам повеќе детали да соопштам. И двајцата веќе немаат никакви права од работниот однос, додека службеното оружје на Горан Грујовски  вчера е вратено во МВР“- рече  Спасовски.

Грујовски и Бошкоски, порано вработени во УБК, а сега обвинети во случаите „Таргет“ и „Тврдина“ на СЈО, се во бегство откако судот донесе одлука да бидат во притвор од 30 дена. По нив е распишана домашна и меѓународна потерница. 

Слично

Поврзани вести