Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ПИШИ МУ КРСТ НА ЗЕМЈИЧЕВО“: Реакција на Колозова за „чистката“ на факултетите

„ПИШИ МУ КРСТ НА ЗЕМЈИЧЕВО“: Реакција на Колозова за „чистката“ на факултетите

По вчерашната прес конференција на министерката за образование Весна јаневска, во јавноста се појавија бројни реакции за измените во образованието, а посебно за факултетите.

Се огласи и активистката и професорка Катерина Колозова, коа вели дека целата ситуација изгледа како да е пазар.

„Ова значи класични студии и филозофија, првите катедри и темелот на кој е изграден УКИМ пред сто и нешто години - со закон ќе се укинат. Како да е пазар, фирмите не носат приход - укини ги (со закон). Универзитет без филозофија и класика и физика и математика (и тие се со по 2-3) не е универзитет. Националниот, државниот универзитет се укинува како традиција и историја. Последниот чекан на ковчегот. Нема национална телевизија туку евтини турски и јужноамерикански теленовели, од издаваштво - независното живурка, и сега ова. Не "Северна" пред името, не "Бугари во Устав", ваквите политики го бришат живиот, вистински идентитет. Ако, како во 90ти па до почеток на 2000, имаме продукција на тв и филм и музика (не турбофолк), ако имаме академска историја, не' има, а ако не - не. Кога апаратчици од администрација советуваат за државни политики - добиваш ова. И што ви е овој импулс нонстоп нешто да оневозможувате место да овозможувате. Пиши му крст на земјичево“, напиша таа.



Слично

Поврзани вести