Пировска: Власт е власт и секогаш ќе ја потсетуваме каде и се границите
Извршната директорка на Хелсиншкиот комитет Уранија Пировска порачува дека борбата за демократски вредности продолжува без оглед кој е на власт.
- Многу лекции научивме и се надевам нема да ги заборавиме! Нема отстапување од принципите за кои што се боревме! Власт е власт и секогаш треба да биде потсетувана за границите до кои може да ја практицира својата моќ! Е тука сме ние на потег! Будно, критично, проактивно и конструктивно работиме на враќање на институциите на граѓаните! Не чека време на реформи во кое секогаш треба да мислиме на тоа што беше и тоа што не смееме да дозволиме никогаш повеќе да се случи, напиша Пировска на Фејсбук.
Слично
