Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПИРОМАНИ, НО И ОГНЕНИ БАЛОНИ СЕ ВИНОВНИ ЗА ШУМСКИТЕ ПОЖАРИ ВО МАКЕДОНИЈА: Сведочат жители кои нашле вави летала

ПИРОМАНИ, НО И ОГНЕНИ БАЛОНИ СЕ ВИНОВНИ ЗА ШУМСКИТЕ ПОЖАРИ ВО МАКЕДОНИЈА: Сведочат жители кои нашле вави летала

Во пожарите во Македонија изгореа огромни површини шума, а огнената стихија не ретко се приближуваше и до селата. Полицијата за еден месец уапси 12 потпалувачи на оган, кои предизикаа катастрофа од големи размери.

Сепак, пожарите не ги предизвикуваат само пироманите, туку и т.н. љубовни балони или огнени балони, кои некои, најверојатно од забава ги пуштаат да летаат.

Едно такво летало паднало во битолскиот дел, меѓу Бистрица и Олевени, под Баба Планина.

Жителите реагираат дека тие се главната причина за избувнување на пожарите

Дел од ваквите случаи беа потврдени и од Министерството за внатрешни работи.

„На 16.08.2024 во СВР Битола – Полициска станица Демир Хисар било пријавено дека на околу 20 метри над продавницата во село Вирово, демирхисарско, бил забележан балон со дијаметар од околу еден метар на кој имало инсталирано направа од која под притисок дувал оган за движење на балонот. Кога жителите се обиделе да го соборат, балонот се кренал повисоко и заминал кон шумата над селото. Полициски службеници излегле на местото и бил извршен разговор со повеќе лица – сведоци на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.“


Слично

Поврзани вести