Пилотска грешка или откажан мотор: Што е причината за паднатиот авион кај Солунска глава
Денес спасувачките екипи ќе стигнат на местото на несреќата каде се урна мал авион во кој загина четиричлено семејство.
Главниот асистент за безбедносна авијација од Техничкиот универзитет во Бугарија Марин Петров коментира за Bulgaria ON AIR, дека при авионски несреќи ниту една верзија не е искучена при истрагата. Според неговите зборови во такви ситуации се истражува дали пилотот, неговата подготовка, состојба на авионот и временските услови.
-Забрането е да се влезе во такви облаци во овој тип на авиони и облаци кои имаат силна турбуленција со големи нагорни и надолни струи, што е исклучително опасно, бидејќи протокот е толку голем што може да доведе до колапс на авион и уништување во воздухот - објаснува Петров.
Тој објаснува дека според правилата на ГД ГВА Георги Бошнаков имал аматерска лиценца да пилотира со мали авиони, која му дозволувала да го превезува семејството, а соодветна лиценка се добива по курс од неколку месеци, кој вклучува 140 часа теорија и 40 часа пракса.
Марин Петров е категоричен дека во авијацијата одговорноста е на командантот или во случајот на пилотот, а од РВД само можат да даваат информации или да ги советуваат.
Новинарот Димитар Ставрев пак вели дека, додека трае истрагата, се е шпекулација и при таа ситуација, дека инцидентот се случил многу високо и екипи сеуште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата. Според него малиот едномоторен авион бил исправен и покрај годините .
